Здравиот начин на исхрана е клучен за добро здравје, но стручњаците предупредуваат дека и луѓето коишто сметаат дека се хранат здраво често прават грешки. Најчестите грешки се однесуваат на намирници кои ги сметаме за нискокалорични, а тие не се.
Суво грозје
Иако сувото грозје е здраво и одлично за дигестивниот систем, воопшто не е калорично. Една ќесичка содржи и до 130 калории, па затоа е подобро да јадете свежо грозје.
Темно чоколадо
Темното чоколадо е одлична замена за различни десерти полни со шеќери и маснотии, но во 100 г може да има и до 600 калории. Не претерувајте бидејќи е поздрава од обичната, јадете по неколку коцки.
Маслиново масло
Две лажици маслиново масло ќе го збогатат вашиот оброк за дури 238 калории. Треба да внимавате колку и какво маслиново масло употребувате.
Јатскасти плодови
Не треба да претерувате ниту со здравите калории бидејќи една шолја со бадеми, суво овошје и ореви може да содржи и до 700 калории.
Лосос
Лососот е здрав и одличен за нашето здравје, но има многу повеќе калории отколку што мислите. Во едно филе има во просек 734 калории, а кога ќе додадете масло и зачини може да има и 1000 калории, и тоа без додатоци како што се компири, салата и ориз.
Лебни трошки
Ова не значи дека ваквиот вид леб не содржи калории. Ако одлучите да додадете презла во вашето јадење, додавате уште 100 до 150 калории во вашиот оброк.