Оваа сорта на јаболки е убедливо најздрава

Јаболката се убедливо најпопуларното овошје на нашите простори, а нутриционистите се согласуваат дека треба редовно да се консумираат.

Меѓутоа, иако се многу здрави и содржат голема количина витамини и минерали, не сите се подеднакво моќни. Една сорта особено се издвојува – станува збор за зеленото јаболко. Оваа сорта има далеку повеќе корисни материи од останатите, а поволно влијае на функционирање на целиот организам.

Нутриционистите наведуваат 6 причини зошто е добро да изедете барем едно зелено јаболко дневно:

Го подобруваат варењето

Зеленото јаболко има голема содржина на влакна кои влијаат на зајакнување на метаболизмот. Тие се богати со полисахариди и лигнин кои се од витално значење за здравјето на дебелото црево.

Нѝ даваат енергија

Содржат голема количина на железо кое го зголемува нивото на кислород во крвта, но тука се и бакарот, цинкот, манганот и калиумот кои помагаат во зајакнување на имунитетот. Доколку се чувствувате уморно или забележувате пад на енергијата, изедете едно зелено јаболко.

Го регулираат нивото на шеќер и холестерол во крвта

Доволно е да изедете само едно јаболко дневно и за кратко време ќе забележите значајна разлика, велат нутриционистите.

Ги елиминираат подочниците

Антиоксидантите кои се наоѓаат во зеленото јаболко помагаат во елиминирање на подочниците и ја освежуваат кожата.

Ја подобруваат состојбата на кожата

Антиоксидантите во ова овошје поттикнуваат и регенерација на клетките и ја подобруваат текстурата на кожата, што резултира со младешки и здрав изглед на кожата на лицето.

Поттикнуваат согорување на масни наслаги

Зеленото јаболко содржи мал процент на шеќер и изобилува со влакна кои поттикнуваат подобра работа на метаболизмот, а со самото тоа се поттикнува и процесот на разградување на масните наслаги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e