Оваа намирница има многу придобивки за организмот, а ја користеле и древните Египќани како лек.
Станува збор за целерот кој со причина го носи епитетот „супернамирница“.
Научните истражувања докажале дека целерот изобилува со натриум и витамин А, но и други витамини како што се К, Е, Ц или пак оние од групата Б.
Богат е со калиум, фолна киселина и растителни влакна. Целерот исто така важи за „чистач“ на организмот и има моќно диуретско делување.
Освен тоа, целерот ги има и следните поволни дејства:
– го контролира крвниот притисок
Целерот содржи 3-н-бутилфталид кој докажано го намалува лачењето на хормонот на стрес. Тој ги опушта мускулите, се грижи за подобра подвижност и поради тоа е добар за луѓето кои патат од висок крвен притисок.
– помага при слабеење
Свежиот сок од целер е многу здрав и помага при слабеење. Имено, на телото му дава хранливи материи и има многу малку калории. Освен тоа, сокот од целер го намалува апетитот, односно го држи долго време сит и го намалува гладот.
– помага при варењето на храната
Целерот е богат со растителни влакна. Тие им помагаат на цревата при варењето на храната и спречуваат надуеност. Секој ден пијте сок од свежо цеден целер.
– го подобрува имунитетот
Целерот содржи апигенин, растителна материја која го јакне имунитетот. Доколку испиете чаша сок од целер, тоа секако дека ќе биде поволно за имунитетот.
– го подобрува видот
Целерот содржи витамини А, Ц и Е, цинк – тоа се важни помагачи кога станува збор за здравјето на очите.