Ова е најдобриот рецепт за совршени мини еклери

Потребни состојки за тестото за еклер:
160 мл млеко; 140 гр путер; 160 мл вода; 10 гр шеќер; 200 гр брашно; 4 јајца;
Потребни состојки за крем фил:
45гр нишесте; 40 гр брашно; 6 жолчки; 150гр шеќер; 2 паковки ванила; 750мл млеко; 350 гр маскарпоне

Во касерола на оган го ставаме млекото и водата. Додаваме путер и оставаме да се загрее. Откако добро е загреано го додаваме брашното. Мешаме со дрвена лажица добро да се спојат состојките, а потоа оставаме да се попржи тестото околу 3 до 4 минути со континуирано мешаме.

Го тргаме на страна.Го уклучувате миксерот и кога ќе се подизлади тестото му додававате едно по едно јајце. Значи едно по едно и полека прво едното убаво изматете го па после другото и така сите.
Кога е спремна смесата наполнете ја во шприц и правете ги формите.

Печете ги во загреана рерна неотварајќи ги додека се печат 30 минути на 180 степени. Оставете да изладат во рерната. Подгответе го филот. Мене многу ми се допадна филот. Во миксер матете 6 жолчки со нишестето и брашното. Додајте го и шеќерот помешан со ванилите. Откако смесата убаво ќе се изедначи префрлете ја во кацерола каде имате загреано млеко. Мешајте убаво да се згусне и свари кремот. Откако е готово оставете да се излади прекривајќи го садот со најлонска фолија да не фати кора филот.

Откако е изладен кремот додајте му го маскарпонето.Промешајте убаво. Изладените еклери преполовете ги и филувајте ги. Наросете ги со шеќер во прав. Сега ви останува само да уживате

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e