Ова е диетата која го „полуде“ светот: Може да намалите и до 20 килограми за само 13 дена

Шведската диета е многу ригорозна и не смее да се држи повеќе од 13 дена.

Популарната шведска диета е една од најригорозните диети, но и една од оние кои даваат најдобри резултати.

Таа се појавила во скандинавските земји за да се намали стапката на гојазност. На нашите простори е позната како 13-дневна диета.

Со неа не е невозможно да намалите 5, 10, па дури и 20 килограми за само 13 дена. Сепак, со оглед на тоа што е многу рестриктивна, не смее да живеете по тие правила повеќе од 13 дена, а сите кои ќе одлучат да го направат тоа потребно е да побараат совет од доктор или нутриционист.

Дозволени намирници:
– Месо, пилешко месо, риба, мисиркино месо и школки;
– Јајца;
– Полномасни млечни производи – јогурт, путер, кисело млеко и сирење;
– Јаткасти плодови – ореви, бадеми, семки од сончоглед, семки од тиква, лешници и индиски ореви;
– Зеленчук како што е: зелка, карфиол, печурки, краставици, лук, пиперка, домат, брокула, тиквички, маслинки, спанаќ, зелена салата и авокадо;
– Житарици како што се овес и ‘рж;
– Растителни масла.

Ограничени намирници:
Со оглед на тоа што имаат негативно влијание на процесот на слабеење, постои ограничување некои намирници да не се консумираат повеќе од два пати неделно:

– Чоколадо;
– Моркови, целер, цвекло;
– Овошје;
– Алкохолни пијалаци.

Забранети намирници:
– Немасно млеко;
– Рафинирани масла;
– Слатки;
– Леб, тестенини, ориз, компир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e