Омилената храна открива важни работи за вашето здравје

Секој од нас има омилена храна на која не може да ѝ одолее. Можеби не можете да си го замислите денот без сирење или да го завршите оброкот без коцка чоколадо.

Научниците велат дека потребата за определeна храна е начин на кој телото ви укажува дека имате некој проблем со здравјето или недостаток на некои витамини или минерали.

Чипс

Потребата за солена храна како чипс, јаткасти плодови или смоки може да биде знак за „умор на надбубрежната жлезда“. Овој израз се користи за луѓето кои се под стрес и нивните надбубрежни жлезди произведуваат кортизол. Кога количината на кортизолот е ниска, телото нема доволно натриум па оттаму произлегува потребата за сол.

Потребата за сол може да биде знак и за дехидратација.

Чоколадо

Ако постојано ви се јаде чоколадо имате недостаток на магнезиум. Тоj(магнезиум) се наоѓа во бадеми, банана, индиски ореви, спанаќ, брокула и чоколадо.

Сирење

Сирењето е полно со нутритиенти кои можеби ви недостасуваат во организмот како што се шеќери, масти, витамин Д, тирамин или л-триптофан.

Леб и тестенини

Леб, тестенини и други рафинирани јаглехидрати се сметаат за храна на среќа која ја зголемува количината на допамин во мозокот. Доколку обожавате тестенини, ова може да биде знак дека вашето тело има потреба за шеќер, зголемена потреба за стрес и недостаток на сон.

Месо

Ако ви се јаде месо – на вашето тело му недостасуваат јајца, јогурт, јаткасти плодови, леќа, грашок, зеленчук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e