Нутриционистите предупредуваат, ова се најштетните диети

За да се успее во борбата со вишокот килограми најчесто се посегнува кон одредена диета. Но, руските нутриционисти предупредуваат некои диети прават повеќе штета отколку добро.

Протеиндиета

Протеинските диети ви овозможуваат брзо да ослабете, бидејќи можете да изгубите и до 5 килограми за една недела. Нутриционистката и гастроентеролог Нурија Дијанова потсетува дека овие диети може да доведат до авитаминоза и недостаток на хранливи материи. Нутриционистот Михаил Гинцбург додава дека протеинските диети немаат добар ефект врз дигестивниот тракт, бидејќи на телото обично не му требаат повеќе од 15 до 20% протеини.

Палеодиета

Палеодиетата е диета од „каменото време“ која исклучува употреба на млечни производи, брза храна, алкохол и вештачки состојки. Меѓутоа, на оние што се хранат на овој начин им се заканува недостаток на јод и железо во телото, смета Гинзбург. Жените постари од 50 години, кои ја користат оваа диета, се изложени на ризик од појава на остеопороза.

Гладување

Гладувањето во интервали води до мешање на циклусот на употреба на храна и долги паузи, па се појавуваат промени во работата на панкреасот и до формирање на камења во стомакот, наведува Дијанова. Гладувањето може да биде корисно, но неопходно е претходно да се консултирате со лекар.

Монодиета
Монодиетите се штетни, бидејќи јадењето еден вид производ не може да биде здраво за организмот.

„Едноврсната исхрана е штетна за сите системи во телото, бидејќи сигурно ќе се појават премногу јаглехидрати, протеини или масти“, смета Гинцбург.

Кетодиета

Кетодиетата подразбира дека јаглехидратите не се користат во исхраната и е опасна поради создавање кетони кои го трујат телото. Телото станува презаситено со протеини, па затоа е неопходно да бидете внимателни со оваа диета.

Спортска диета

Спортистите користат диета со малку јаглени хидрати.

„Ако исхраната се користи неправилно, може да доведе до недостаток на фосфолипиди и други корисни масти неопходни за телото“, подвлекува Гинцбург.

Според него, таквата диета не треба да се користи долго време.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e