И Египќаните целерот го користеле како лек, а истражувањето покажало дека овој зеленчук е навистина одлична намирница и извор на голема количина витамини и минерали.
Во себе тој содржи витамини К, Е, Ц и Б. Богат е со калциум и фолна киселина, а има и моќно диуретичко дејство.
Може да се консумира сиров, но доколку не сте љубители на овој зеленчук може да направите и сок од истиот.
Со овој напиток дури и Новак Ѓоковиќ го започнува секое утро. Во една прилика со своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм тој открил дека верува токму во тоа дека сокот од целер е одговорен за неговото здравје.
„Добро утро на сите. Значи, вака го започнувам секој ден. Прво земам малку топла минерална вода со лимон и лимета. Потоа гледам што има во фрижидерот, каде го држам целерот. Го ставам во соковник, за да си направам сок од целер“, вели Новак.
„Овој сок е полн со минерали, соли и уште неоткриени елементи кои што го чистат вашиот џигер. Прави чуда, како за мене, така и за мојата сопруга, така и за нашите деца. Нашите деца не го пијат чист тој сок, туку со додаток на краставица или пак јаболко“, додал Новак.
Еве што вели науката и спроведените истражувања:
Зошто целерот е толку добар и зошто треба редовно да се најде на нашето мени?
Го намалува крвниот притисок
Целерот содржи соединение кое што го намалува произведувањето на хормонот на стрес, ги опушта мускулите околу артериите и ја подобрува циркулацијата. Калиумот кој што се наоѓа во целерот ќе го стабилизира отчукувањето на срцето и ќе го намали притисокот.
Го регулира нивото на холестерол
Бутилфлаид, соединение кое што помага во одржување на нормалното ниво на холестерол, а тоа придонесува за добрата работа на срцето.
Поволно влијае на системот за варење
Целерот содржи соединание кое го носи името „NBP“, а токму тоа ја регулира работата на цревата.
Помага во слабеење и хидрира
Освен што е полн со вода и растителни влакна, целерот содржи само 10 калории што го прави совршен сојузник на витката линија.
Поволно делува на имунитетот
Богатството на витаминот Ц, го прави целерот и сокот од целер еден од најдобрите сојузници за силниот имунитет. Освен витаминот Ц, за зачувувањето на одбранбените моќи на организмот заслужна е и супстанцата кумарин.
Поволно влијае на кожата
Доколку водите „битка“ со акните на лицето или пак имате проблеми со вашата кожа, редовно консумирајте сок од целер.
Припрема на сокот: Можете да користите само целер, но поради подобар вкус нутриционистите препорачуваат во него да додадете и краставица или пак едно зелено јаболко во соковникот или блендерот.