Скоро секој од нас дома има чај од камилица, а овој напиток има многу лековити својства. Чајот од камилица ја ублажува несоницата и нервозата, а маслото ја смирува болката во мускулите и зглобовите, додека инхалацијата помага кај воспалено уво и синуси.
За што сè е добар чајот од камилица?
Ја ублажува несоницата
Ако имате проблеми со несоница или сте под стрес, чајот од камилица ќе ви помогне да се опуштите пред да заспиете.
Ги намалува менструалните болки
Чајот од камилица содржи флавоноиди кои го опуштаат телото и ги намалуваат болките и грчевите во матката.
Го чува здравјето на дигестивниот систем
Ако страдате од грчеви во стомакот, подуеност, дијареја, пијте чај од камилица, 2-3 шолји дневно.
Го зајакнува имунитетот
Чајот од камилица има антибактериски и антивирусни својства, па затоа е одличен природен лек во борба против многу заболувања.
Овој чај се користи и за инхалации, инфекции и алергиски заболувања на синусите и дишните патишта.
Исто така, чајот од камилица е одличен за смирување на иритации на кожата. Може да го користите за нега на лицето и при опис.
Поради големиот процент на антиоксиданти, чајот од камилица ќе ве направи да изгледате поздраво и помладо.