Нега на стапала во есен: Козметичарка откри маска со која секогаш ќе бидат меки

Негата на стапалата главно е поврзана со летниот период и времето на сандалите. Штом ќе влеземе во затворени чевли, почнуваме помалку да се грижиме за тоа колку добро ни се средени стапалата.

Козметичарката Андреа Новаковиќ за Телеграф изјави дека постои многу едноставен начин стапалата да изгледаат совршено во текот на целата година.

– Во есен и зима не мора често да посетувате козметички салони за стапалата да изгледаат совршено – вели Андреа.

Таа наведува дека доволно е редовно да се одржуваат и омекнуваат со отстранување на вишокот кожа со турпии за потпетици за домашна употреба. Според неа, постои и многу едноставна маска која ќе им овозможи да се хидрираат во текот на зимата, што ќе им даде мазност и мекост.

– Потребни ви се две неизлупени краставици, две лажици сок од лимон, како и две лажици маслиново масло. Сето ова убаво измешајте го во блендер. Потоа поделете ја смесата на две пластични кеси за замрзнување, во кои ќе ги ставите стапалата и добро ќе ги масирате, над кесата. Оставете ја маската да делува 10-15 минути, а потоа измијте ги нозете со топла вода – советува козметичарката.

Таа вели дека краставицата има исклучително освежителни својства за вашите стапала, лимонот придонесува за нивното лупење, а маслиновото масло е фантастично за хидратација.

Андреа наведува дека после ова доволно е да ги намачкате стапалата со кремата која вообичаено ја користите.

– Оваа маска нанесувајте ја два пати месечно и ќе почекате до следното лето, спремни да скокнете во сандали без да одите кај козметичарот – советува Андреа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e