Јајцата се најздравата намирница која може наутро да им ја подготвите на вашите деца.
Кајгана или јајца на око ќе го прекинат гладот, па така вашите деца ќе бидат сити, речиси до ручек.
Освен тоа, тие се полни со протеини поради кои нема да имате потреба од внесување дополнителни калории.
Истражувањата кои опфатиле прехранбени навики на 46 деца не постари од 10 години, покажале дека децата кои наутро јадат јајца, за ручек внесуваат по 70 калории помалку од оние кои на пример за појадок јадат овесна каша.
Нутриционистите кои го спровеле истражувањето не ги изненадило тоа што баш јајцата се покажале како најдобар избор за појадок на децата.
Тоа што не можеле да го објаснат било тоа што децата не се чувствувале посити затоа што јаделе јајца, а не на пример млеко и гриз.
„Очекувавме дека би јаделе помалку за ручек поради тоа што се чувствувале сити зошто јаделе појадок богат со протеини. Меѓутоа, тоа не беше случај“, изјавила нутриционистката Тања Крал.
Ова истражување насочено е на наоѓањето на овие намирници кои на децата им го намалуваат чувството на глад, истовремено помагајќи им да се намали внесот на калории.