Есенцијалното масло од ѓумбир најчесто се користи за инхалација, за ублажување на симптомите на настинка и грип.
Едноставно се додава во топла вода, главата се покрива со пешкир и се вдишува пареата. Меѓутоа, ова масло е одлично и за масажа на тело, особено за релаксација после поголем стрес.
Есенцијалното масло од овој здрав корен може да се купи во секоја подобро снабдена продавница, но исто така може да се направи и дома од две состојки кои ќе ги најдете секаде – ѓумбир и маслиново масло.
Начин на подготовка:
Пресечете го ѓумбирот заедно со кората, така што ќе наполните шолја од 2,4 дл. Потоа во загреан сад истурете една и пол шолја маслиново масло и додадете ѓумбир. Ставете го тоа во рерна и оставете околу два часа на температура од околу 70 степени.
Потоа во цедалка ставете чиста газа и исцедете го маслото. На крајот газата истискајте ја со раце за да исцедите што е можно повеќе. Маслото истурете го во тегла и ставете датум кога сте го направиле.
Обично може да се употребува околу шест месеци. Чувајте го во темно и ладно место.