Време е максимално да ја искористите младата коприва која претставува извор на здравје.
Денеска ви претставуваме рецепт за лековита чорба од ова растение која можете да ја приготвувате и за време на постите.
Потребни состојки:
• 40 мл. масло
• 1 главица кромид
• 3 чешниња лук
• 1 компир
• 1 морков
• 1 зелена пиперка
• 2 супени лажици пченкарно брашно
• 200 гр. коприва
• сув зачин, сол, бибер
• црвен пипер
• толчена лута пиперка (по желба)
Начин на приготвување:
На масло пропржете го кромидот и зеленчукот. Налејте малку вода, додајте ги зачините и продолжете со готвењето. По десетина минути, додајте го пченкарното брашно и копривата, прелијте ги со вода, па варете уште 20-тина минута. Изблендирајте со рачен миксер и вратете ја чорбата на тивок оган за да зоврие.