Оваа напивка ќе ви го заштити срцето од разните болести што настануваат токму поради насобирањето маснотии
Со комбинацијата на само три состојки ќе можете целосно да ги прочистите вашите артерии и да се ослободите од масните наслаги во крвта и во крвните садови.
Овој моќен природен еликсир служи за чистење на затнатите артерии (атеросклероза), за регулација на покачените маснотии во крвта, за превенција на општа млитавост на организмот, превенција и лекување инфекции и настинки, зајакнување на имунолошкиот систем, прочистување на црниот дроб и зајакнување на неговите ензими, како и за борба со слободните радикали во организмот, кои предизвикуваат многу сериозни болести.
Потребни состојки:
4 поголеми главици лук (околу 40 чешниња)
4 неизлупени лимони
помал корен од ѓумбир или 2 лажици ѓумбир во прав
2 литри вода
Многумина се грижат поради непријатниот мирис на лукот, но тој проблем ќе го решат лимонот и водата.
Начиин на подготовка:
Измијте го лимонот и исечкајте го на парчиња. Доколку лимонот не е органски или е прскан, измијте го со раствор од оцет и вода. Излупете го лукот и ставете го во блендер заедно со лимонот и ѓумбирот. Сето тоа заедно изматете го за да добиете хомогена смеса. Така изматената смеса ставете ја во метално тенџере, сипете 2 литри вода и загрејте ја до вриење.
Штом почне да врие, тргнете ја смесата од рингла и оставете ја да се олади. Исцедете ја и чувајте ја во стаклени шишиња (доколку не ви пречи, не морате да ја цедите).
Примена:
Пијте по една чаша (200 мл) од оваа напивка секој ден, најмалку 2 часа пред оброк или на празен стомак. Пред секое користење, добро протресете го шишето.
Ќе видите дека енергијата ќе ви се врати за само неколку недели и дека циркулацијата целосно ќе ви се подобри.
Секое утро на празен стомак испијте чаша од оваа напивка: Го забрзува метаболизмот, ја регулира работата на цревата и ги топи килограмите!