Напивка која за миг ги ублажува симптомите на настинка и вироза

Вкусниот и топол напиток од ѓумбир ќе ве стопли во студените ноќи, но исто така ќе ви помогне како превенција на настинка или пак вироза.

Состојки: – свежо рендан ѓумбир
– 1 литар вода
– 3 лажици домашен мед
– 1 лимон

Подготовка:

Ставете го ѓумбирот во поголем сад и прелијте го со вода, па ставете да се вари околу 20 минути на умерена температура. Потоа тргнете го од оган и оставете да се излади околу 5 минути. Процедете го чајот, засладете со домашен мед и додадете лимон по желба, па испијте го додека е топол.

Причини поради кои треба да се напиете од овој напиток:

1. Го обновува телото и зајакнува имунитетот;

2. Го забрзува закрепнувањето при настинка или вироза;

3. Го смирува желудникот и мачнините;

4. Позитивно делува на нервниот систем;

5. Го подобруза варењето на храната, работата на цревата и ја намалува надуеноста;

6. Ја поттикнува циркулацијата;

7. Ќе ве стопли повеќе и од најтоплото зимско ќебе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e