Хипертензија или висок крвен притисок, а понекогаш и артериска хипертензија, е хронична медицинска состојба во која крвниот притисок во артериите е покачен. Поради ова покачување на притисокот срцето треба да работи понапорно за крвта да може да циркулира низ крвните садови.
Хипертензијата е главен ризичен фактор за мозочен удар, миокардијален инфаркт (срцев удар), срцева слабост, аневризма на артериите (на пр., aневризма на аортата), периферна артериска болест и е причина за хронична бубрежна болест. Дури и умерено зголемување на артерискиот крвен притисок се поврзува со скратен животен век. Промени во исхраната и начинот на живот можат да ја подобрат контролата на крвниот притисок и да го намалат ризикот од поврзани здравствени компликации.
Овие две намирници се најдобриот природен лек при проблемите со висок притисок.
Цимет – Неколку истражувања потврдија дека систоличкиот (голем) и дијастоличкиот (мал) притисок кај возрасните лица се намалува со помош на познатиот миризлив зачин – циметот.
Доколку додадете по половина лажичка цимет во вашата дневна исхрана, полесно ќе го контролирате високиот крвен притисок.
Лук – Овој здрав продукт речиси веднаш го намалува висoкиот крвен притисок. Лукот делува на крвните садови така што ги опушта и ги проширува поради што крвта циркулира полесно и на тој начин се намалува притисокот.
За инстант ефект и за моментално намалување на притисокот јадете свеж лук со леб или пак ставете исечкан лук во салатата или во јадењето.