Високиот крвен притисок е една од најзастапените состојби, не бира возраст, а може да биде големо предупредување дека нешто не е во ред.
Високиот крвен притисок (хипертензија) бара соодветна терапија, а покрај тоа, можете да го регулирате со исхрана и одредени намирници.
За хипертензија често е одговорна генетиката, но ризик фактори се и лошата исхрана и дебелината.
Знаци за висок крвен притисок се заматен вид, силни главоболки и болки во градите, проблеми со дишењето…
Природни средства кои можат да помогнат, покрај терапијата што ја примате:
Лук
Оваа храна ги проширува крвните садови и ги релаксира мускулите и на тој начин, покрај крвниот притисок, го намалува и холестеролот.
Во 200 мл вода ставете 3 мелени чешниња лук. Ставете го сето тоа да се вари 5-6 минути. Процедете ја течноста кога малку ќе се излади и додадете сок од половина лимон. Пијте секое утро половина час пред оброците.
Ѓумбир
Се користи за подобрување на циркулацијата, а делува и превентивно при хипертензија. Покрај тоа, има антиинфламаторно дејство, го регулира нивото на гликоза и холестерол. Секое утро додадете една лажичка ѓумбир во чаша млака вода и испијте ја.
Цимет
Циметот делува слично како и лукот бидејќи ги шири и крвните садови, а со тоа ќе ги изгубите вишокот килограми и ќе го регулирате нивото на гликоза.
Магдонос
Содржи изобилство на витамин Ц, кој покрај хипертензијата, благотворно делува и на имунитетот. Најдобро е да подготвите чај од јаглика, кој се подготвува на ист начин како и секој друг топол напиток и не можете да погрешите.
Боровинка
Полна со витамини и минерали кои го одржуваат здравјето на срцето и крвните садови. Редовно пијте свеж сок од боровинки за да го зајакнете имунитетот и да го заштитите организмот од многу болести.