Здравјето на белите дробови никогаш не било поважно отколку во пандемијата на коронавирус. Овој витален орган може да биде заштитен од болести и со правилна исхрана – намирници кои содржат витамини кои се многу важни за белите дробови.
Овие намирници го чуваат здравјето на белите дробови:
Ѓумбир
Чај од корен на ѓумбир ги елиминира токсините од белите дробови. Освен чајот, може да направите и топла купка со прав од ѓумбир која поттикнува отворање на порите и потење, што е корисно за дишните патишта.
Јаболкo
Истражувањата покажуваат дека јаболката го успоруваат природното стареење на белите дробови, но ги ублажуваат и оштетувањата кои настануваат поради пушењето или загадениот воздух.
Цитрон
Научно докажано е дека цитронот го намалува ризикот од тешки заболувања на белите дробови и помага во лечење на бронхитис.
Брусница
Брусница е овошје коешто е полно со антиоксиданси е одлично за чистење на белите дробови.
Лута пиперка
Понекогаш е добро за изедете некое луто пиперче за да ги прочистите белите дробови.
Лук и кромид
Во сезона на вируси, настински и грип треба да јадете кромид и лук бидејќи го чуваат здравјето на белите дробови, но помагаат и за детоксикација на организмот.
Морков
Морковите најмногу се користат за добар вид, но помагаат и го чуваат и здравјето на белите дробови.