Овошјето и зеленчукот секогаш ќе бидат ценети како свет грал на здравата исхрана, а некои намирници од оваа група особено се препорачуваат за дијабетичарите поради нивната способност да помогнат во контролата на нивото на шеќер во крвта.
Цитрусно овошје
Истражувањата покажаа дека агрумите, како портокалите, имаат корисен ефект врз луѓето кои се борат со дијабетес. Цитрусите се одличен начин за внесување витамини и минерали без внесување прекумерни количини на јаглени хидрати.
Бобинки
Бобинките се богати со соединенија наречени антоцијани, за кои се тврди дека ја намалуваат инсулинската резистенција и ја подобруваат чувствителноста на инсулин, според студијата објавена во Journal of Nutrition. Боровинки, јагоди, капини и малини се идеални видови бобинки кои можете да ги додадете во појадок или десерти.
Студијата покажала дека консумирањето 160 мг антоцијанин двапати дневно резултирало со намалување на нивото на гликоза во плазмата за 8,5 отсто, 13 отсто помала отпорност на инсулин и 23,4 отсто зголемување на адипонектинот, хормон кој ја зголемува чувствителноста на инсулин.
Бобинките се исто така добар извор на витамин Ц и влакна и не содржат многу јаглени хидрати.
Брокула
Различни студии покажаа дека јадењето брокула исто така може да ја зголеми чувствителноста на инсулин. Брокулата е храна богата со витамини и минерали како што се калциум, железо, цинк, витамин Б12, Д и многу други.