На кои болести сте подложни согласно крвната група?

Докторската пракса покажува дека некои крвни групи се поподложни на одредени болести иако сè уште нема доказ зошто е тоа така.

Сепак, треба да ги преземете сите превентивни мерки – не е тешко!

Крвна група А, Б, АБ – склоност кон срцеви заболувања
Истражувањето покажало дека ризикот од коронарните болести на срцето се помали кај луѓето со крвна група 0. Експертите не се сигурни поради што е тоа така, но некои од истражувањата укажуваат на тоа дека луѓето од другите крвни групи веројатно имаат поголемо ниво на холестерол и поголема количина протеини кои што се поврзуваат со згрутчувањето на крвта, за разлика од луѓето со крвна група 0.

Крвна група А, Б – ризик од хеликобактер
Луѓето со крвна група А имаат поголем ризик да добијат хеликобактер. Тоа е бактерија која што вообичаено се наоѓа во дигестивниот тракт, упорна е и тешко може да се искорени целосно. Може да предизвика воспаление и чир на желудникот, а доколку не се лечи – дури и канцер на желудникот.

Исто така, молекулите од крвната група А и Б ѝ помагаат на хеликобактеријата да се размножува во цревата. Како последица на тоа може да се развие канцер на панкреас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e