Пандемиските денови ни донеса дополнителен стрес. Брзото темпо на живеење оди рака под рака со стресот, кој иако се чини невидлив и е апстрактен како поим агресивно го напаѓа човековиот организам. И додека скршна рака или отворена рака може едноставно да се залечат со прецизен медицински третман, телото наполнето со стрес и прекумерни негативни емоции бара подолг и покомплексен спектар на третмани. За душевните „рани“ и стресот за кој не постои вакцина, а кои ги разболуваат ткивата допирот е најблагороден лек. За значењето на масажата разговараме со Габриела Милевска, стручна масажистка со повеќе од 10-годишно искуство во оваа област и голем број на сертификати.
„Клиентите најчесто се жалат на физички промени на телото (дел од нив по повреди), вкочанетост, отоци, воспалени мускули, недостаток на енергија, хронична главоболка, несоница, раздразливост, губење или пак, прекумерен апетит…Значи станува збор за физичкото и психичкото здравје. Голем број истражувања ги истакнуваат бенефитите од масажата, но според моето искуство не е само доволно стручното лице да ја спроведе масажата од т.н. технички аспект. Јас со моите клиенти акцентот го ставам пред се на духовниот сегмент, на емоциите, и паралелно на тоа, со масажата и допирот на клучните сензитивни точки на телото, доаѓаме до резултати“, појаснува Милевска.
Зошто емоциите се клучни за здраво тело?
„Физичкото здравје е рефлексија на она што го носиме внатре во себе. Бесот, агресијата, среќата, тагата, апатијата се нормални емоции, но потребно е да овозможиме тие емоции, како што велиме „да протечат низ“ нашето тело и да се ослободниме од нив. Но, во праксата негативните емоции често се заджуваат во телото и ги напаѓаат сите клетки во организмот. Затоа често при масажа веднаш се забележува кога мускулите, ткивата се стврднени, а кожата изгледа безживотна. Мој елементарен совет до сите клиенти е дека најпрвин треба да дишат. Иако звучи небулозно, правилното дишење е многу важно. Откако клиентот ќе научи да дише рамномерно, земајќи длабок здив, започнува тој проток на негативните емоции, а веќе со масажата телото се релаксира, токсините исчезнуваат од површинските слоеви на кожата и клиентот се чувствува како препороден“ – појаснува Милевска која искуството го градела со низа обуки за кои има сертификати.
Како да ја препознаеме добрата масажа?
„Кога клиентот ќе почувствува позитивни вибрации значи масажата има благодетен импакт и врз телесното и врз емоционалното здравје. Не залудно метафорички велат дека кога човекот си зема премногу обврски и мисли на многу проблеми ги товари на грбот и потоа грбот страда. Со масажата се релаксираат сите нервни завршетоци на грбот, вратот, рамената, со еден збор на носечкиот дел од телото, со што личноста во целост се чувстува препородено. За време на масажата мозокот автоматски испушта ендорфин кој го започнува процесот на самозакрепнување и се раѓа сила за нови предизвици.
Се трудам моите принципи на работа да бидат професионални, а тоа значи да го пронајдеш вистинскиот допир за секој клиент индивидуално. Некој е посензитивен на силни допири, некој сака тишина, некој сака разговор и совет, потребно е квалитетно масло за масажа, потребно е соодветно растојание од еден до друг третман на масажа и сето тоа води до крајниот резултат, а тоа е комплетна хармонија“ – вели Милевска.
Разговорот со завршуваме со позитивна мисла се со цел хармонично и избалансирано функционирање во ова стресно секојдневие.
„Таблетитете имаат краткорочно решение, но и низа нус-појави, алкохолот, никотинот, наркотиците во никој случај не се решение. Затоа велат масажата е голем и безбеден катализатор за позитивните промени во организмот како телесно така и емоцонално. Кога на вашето тело ќе му овозможите баланс спонтано ќе дојдат и благодетите кои нужно водат до посилен имунитет кој несомнено е многу значаен во време на пандемија“ – е нејзиниот совет.
Милевска вели дека не застанува тука, туку напротив пасијата кон масажата ќе продолжи со уште посилен интензитет затоа што тоа е, како што вели, нејзина мисија, а клинетите тоа го препознаваат.