Ловоровиот лист може да помогне при разни болести, а делотворен е и за намалување на чувството на стрес.
Го подобрува варењето
Ги отстранува грчевите во стомакот и желудникот и ја поттикнува циркулацијата на крвта, го поттикнува варењето, а многу е погодно ако цревата ви се мрзеливи.
Ги ублажува болките
Најпозната е употребата на ловорово масло, кое се користи за лекување на болки во увото, а е ефикасно и против главоболка. Ако имате проблем со реума, ловорот може да ви олесни, а болките во зглобовите можете да ги решите со облога од ловорово масло.
Помага при искашлување
Ловоровото масло има безброј придобивки. Можете да го втриете на лимфните жлезди и на тој начин да го подигнете имунитетот, кај искашлувањето е корисно како привремено решение.
Ги исфрла вишокот соли
Навечер една лажица ситно сечкан ловоров лист прелијте го со 3 dl вода и варете во соодветен сад, најмногу 5 минути. Добиената течност оставете ја преку ноќ, распоредете ја во мали дози наутро и пијте ја во текот на денот. Доколку дојде до често мокрење, тоа е знак дека ловоровиот лист почнал да делува.
Делува против стрес
Одамна, научниците откриле дека ловорот ублажува неверојатна количина на стрес. Сè што треба да направите е да запалите сув ловор во пепелникот и да излезете од просторијата на 10 минути.
Вдишете длабоко и препуштете се на релаксирачки мирис.