Копривата помага при лечење на овие болести

Копривата е позната по своите лековити својства, а во тоа посебно се истакнува семето од коприва.

Колку што растението е помладо, толку неговата медицинска корист е помоќна.

Копривата содржи пантотенска, кофеинска, ферулинска и п-кумаринска киселина, хистамин, цетилхолин, каротен и други каротеноиди, витамин Ц, К и Б комплекс, фитоциниди, хлорофил, танини и протеини, скроб, железо, калциум, цинк.

Лековити предности на копривата:

– го јакне имунитетот

– лекува анемија

– уринарни инфекции

– го регулира нивото на холестерол

– јакнење на забите и коските

– прочистување на црниот дроб и крвта

– ревматични тегоби и артритис

– поттикнување на работата на надбубрежната жлезда и ендокриниот систем

– зголемување на либидото

Како се користи?

Семето од коприва најлесно ќе го консумирате доколку го помешате со мед. На смесата може да ѝ додадете и цеден лимон или пак исечкани јаткасти плодови.

Освен што е превкусен, овој витамински микс ќе ви помогне да го подигнете вашиот имунитет и нивото на енергија.

Доволно е да консумирате по една до две лажици од смесата во текот на денот.

Семето може да го измешате и во јогурт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e