Кога е топло немате апетит и не спиете убаво. Земјата е во портокалова фаза и следните два дена ќе бидат најтопли, па затоа нутриционистката Кери Торенс за BBC Good Food даде неколку важни совети за тоа што треба да јадете за време на топлотниот бран.
Колку вода треба да пиете?
Со дишењето, потењето и уринирањето губите меѓу 2 и 2,5 литри течности. Тоа значи дека треба да пиете околу 6 до 8 чаши вода или други течности(млеко, пијалаци без шеќер, чај и кафе). Може да пиете и смути, овошни цедени сокови, но нивниот внес треба да го ограничите на 150 мл дневно поради природниот шеќер којшто го содржат.
Што да јадете?
Храната содржи 20 до 30 отсто од дневниот внес на течности, а има некои намирници кои содржат повеќе вода од другите. Треба да јадете јагоди, краставица, целер, марула, лубеница и тиквичка.
Може ли храната да ви помогне да се разладите?
Сладоледот е првиот избор кога ви е топло, но всушност може да ви донесе повеќе штета отколку корист.
Топлите пијалаци можеби не ви звучат привлечно, но тие всушност може да ви помогнат при регулирање на телесната температура.
Не треба да јадете храна која е богата со протеини, шеќери и растителни влакна. Не се препорачува да јадете ниту зачинета храна.