Кои се здравствените придобивки од леќата?

Леќата е богата со хранливи материи, од влакна погодни за здравјето на цревата до цинк, кој го подобрува имунитетот. Освен тоа, брзо се готви и достапна е во секој период.

Кои се здравствените придобивки од леќата?

Постојат многу видови леќа – кафена, зелена, црвена и жолта. Точниот нутритивен состав варира од вид во вид, но сите имаат слични здравствени предности. Најважно е што леќата е одличен извор на растителни протеини.

„Протеините имаат важна улога во зголемувањето на мускулите и развојот на коските, даваат поддршка на имунолошкиот систем“, објаснува нутриционистот Ерика Инграм.

Протеините исто така го зголемуваат чувството на ситост по оброкот. Покрај тоа, одличен извор е на влакна. Леќата содржи растворливи и нерастворливи влакна и е неверојатно здрава за дигестија. Во неа има полифеноли кои ги намалуваат воспаленијата и оксидативниот стрес, неутрализирајќи ги слободните радикали. Тоа ги штити клетките од оштетување, потенцијално намалувајќи го ризикот од хронични состојби како што се болести на срцето или рак.

Леќата е богата со витамин А, витамин К, фолати, железо и цинк, пишува Nutrients.

Како да ја подготвите?

Леќата лесно се подготвува, може да биде дел од различни јадења. Одлична замена е за месо благодарение на протеините во неа и текстурата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e