Карфиолот, заедно со брокулата и зелката, спаѓа во групата на зеленчук богат со многу витамини и состојки неопходни за добро здравје.
Овој драгоцен дар од природата е одличен за превенција на многу тешки заболувања, има многу лековити својства и претставува драгоцен извор на витамин Ц.
Зошто карфиолот е чувар на здравјето?
Само 100 грама свеж карфиол на организмот му даваат 48.2 мг. витамин Ц, или околу 80 % од дневната препорачана доза на витамин Ц неопходна за секој човек.
Благодарение на анти-канцерогените состојки, карфиолот покажал одлични резултати за превенција и лекување на рак на простатата, рак на грлото на матката, рак на градите, на дебелото црево и јајниците.
Благодарение на својот состав, карфиолот делува антибактериски и антивирусно, богат е со железо, калциум, калиум, магнезиум, како и витамини Б1, Б3, Б5 и Б6.
Овој зеленчук е одличен за детоксификација на организмот, претставува богат извор на антиоксиданси, а се покажа и како лек за разни воспалителни процеси кои може да доведат до сериозни болести.
Карфиолот има многу малку калории и воопшто не содржи холестерол.
Најдобро е да се користи свеж, како салата, или да се приготви чорба од карфиол. Во фрижидер може да остане свеж цела недела, а се препорачува да се конзумира неколку пати во неделата.
За да не се загуби витаминот Ц, варете го во солена вода само неколку минути, додека малку омекне