Како правилно се мери притисок?

Ако добивате различни отчитувања кога го мерите притисокот, веројатно не го мерите правилно, што може да биде делумно опасно.

Многу е важно при мерењето да ги следите правилата на професијата, за да избегнете погрешни резултати и да имате точни податоци за вашето здравје.

Пред мерење испразнете ја бешиката. Вредноста може да биде поголема за 5-10 mmHg ако сте заборавиле да одите во тоалет.
Направете пауза. Пред мерење на притисокот потребно е да се одморите, да не се возбудувате премногу и да престанете да зборувате. Исто така, важно е да не зборувате за време на мерењето.
Наместете се правилно. Седнете во столче, идеално би било да имате потпора за рацете и грбот.
Положбата на раката е најважна. Првиот пат измерете го притисокот на едната и на другата рака. Онаа што покажува повисоко треба да биде раката на која се мери притисокот стандардно.
Пред мерењето не треба да пиете кафе и чај, бидејќи тие можат да го подигнат притисокот. Исто така, важно е да избегнувате енергетски пијалоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e