Како правилно да консумирате чај за да ги загубите вишокот килограми?

Не може да се порекне дека во шолја чај има нешто смирувачко. Сепак, овој пијалок прави многу повеќе од само релаксирање.

Уживањето во чај може да донесе потенцијални здравствени придобивки, па дури и да помогне во губење на тежината. Треба да знаете дека ниту еден чај нема да гарантира губење на несаканите килограми преку ноќ, но може да биде одличен додаток на вашата исхрана и фитнес рутина.

„Ниту еден чај не е магичен куршум, но еден од начините да се извлече максимумот од чајот е да се напиете шолја веднаш по оброкот. Ова ќе им сигнализира на умот и телото дека оброкот е завршен“, вели диететичарката Лиз Сасо-Карелицки.

Чајот е одличен и за хидратација на телото. Кога сте дехидрирани, можеби ќе сакате нешто слатко, но всушност сте само жедни.

„Консумирањето доволно течности, исто така, може да им помогне на вашите клетки да комуницираат подобро, што го поттикнува вашето тело да вложи дополнителна работа за малку да го забрза метаболизмот. Покрај тоа, билните чаеви можат да ви помогнат да заспиете и на тој начин да придонесат за губење на тежината, бидејќи доволно одмор може да биде главен фактор во процесот“, објаснува таа.

Без оглед на температурата на чајот, неговите придобивки се исти, што значи дека можете да го пиете топол или ладен. Меѓутоа, избегнувајте да додавате шеќер или вештачки засладувачи во вашата шолја чај.

Овие чаеви се најдобри сојузници во забрзувањето на метаболизмот, согорувањето на мастите и слабеењето: зелениот, црниот, белиот, билен чај, како и чаевите од мача, ројбос, улонг, мате.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e