Како по природен пат да го намалите високиот крвен притисок?

Високиот крвен притисок може да предизвика сериозни здравствени проблеми. Хипертензијата може да биде тивок убиец. Се проценува дека ширум светот од тоа страдаат 1 милијарда луѓе. Светската здравсвена организација смета дека хипертензијата е причината за 51% од смртните случаи од мозочен удар и 45% од смртни случаи поврзани со срцеви заболувања.

Исхраната е клучна за намалување на високиот крвен притисок. Прво што треба да направите е да го намалите внесот на солта во организмот. Треба да внесувате храна која е богата со калиум, магнезиум и растителни влакна.

Овошје

Јадете јаболка, банани, грозје, манго, портокали, ананас, мандарини. Консумирајте и сок од калинки – доволно е само една шолја дневно за да го намалите притисокот.

Ореви

Оревите содржат калиум, магнезиум и други минерали кои се познати партнери за симнување на крвниот притисок. Не само оревите, туку и бадемите, лененото семе и лешниците исто така се многу добар избор доколку имате проблеми со високиот крвен притисок. Оревите имаат висок процент на омега-3 масни киселини.

Авокадо

Истражување објавено во магазинот „Journal of the American Heart Associaton“, покажало дека едно авокадо дневно може да доведе до намалување на крвниот притисок и до 13,5 милиграми по децилитар.

Чоколадо

Темното чоколадо е одлична намирница за намалување на крвниот притисок.

Маслиново масло

Користете го маслиновото масло за подготовка на храна. Оваа навика ќе ви овозможи да го намалите крвниот притисок.

Омега-3

Омега-3 масните киселини се здрави масти кои му се потребни на вашето тело за да функционира правилно. Омега-3 масните киселени го намалуваат крвниот притисок. Содржат и витамин Д кој го намалува крвниот притисок. Јадете лосос, пастрмка, скуша и туна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e