Да бидеме реални, малкумина имаат време и волја да зготват обилен ручек или вечера после работа. Генерално е полесно само да се стави замрзнат оброк во микробранова печка, но треба да се внимава храната рамномерно да се загрева.
Имено, микробрановите се ефикасни за загревање на храната, но не греат наеднаш сѐ. Тоа е затоа што молекулите на водата кои се наоѓаат во замрзнатата храна се во форма на ледени кристали, што не дозволува топлината да биде рамномерно распоредена во оброкот. Како резултат на тоа, некои делови остануваат ладни и може да содржат бактерии, што на крајот може да доведе до труење со храна.
За да го избегнете ова и да се осигурате дека храната се загрева рамномерно, важно е да ја запрете микробрановата печка на половина од процесот на загревање и сè добро да измешате или да ги превртите големите парчиња.
Министерството за земјоделство на САД, на пример, препорачува загревање на храната во микробранова печка додека не достигне најмалку 74 степени во целиот оброк, пишува Eat this.