Иако многу луѓе се борат со прекумерна дебелина, некои немаат апетит и сакаат да се здебелат на природен начин. Нутриционистката Бранка Мирковиќ споделува неколку совети како да се здебелите.
„Ако немате здравствени проблеми, а сакате да се здебелите, направете го тоа на природен начин. Пред сè јадете здрави масти, а засладувајте ги оброците со мед, стевија или кафеав шеќер. Основната препорака е да јадете здрава храна, а да избегнувате пржена храна“, вели нутриционистката.
Здрави масти
Треба да бирате месо со поголем процент на масти, млечни производи како што се путер, кајмак, сирење, тестенини со сирење, јајца, пити со сирење, грчки јогурт, овчо и козјо млеко и кисела павлака со голем процент на масти.
Правете какао, топло чоколадо, пудинг, но додајте путер и чоколадо за да го зголемите внесот на калории.
Важно е да внесувате различно овошје и зеленчук
Бирајте здрави намирници и оброци, но поделени во три до 5 оброци. Во почетокот јадете помали порции бидејќи не треба да го преоптеретувате желудникот. Оброците треба да бидат помали, но почести.
Одлични се и јаткастите плодови бидејќи во 100 грама има и до 600 калории. Подоцна може да го намалите бројот на оброци, а да ги зголемите порциите. Треба да имате еден главен оброк.
Треба да јадете свежо и суво овошје и зеленчук бидејќи салатите се одличен извор на витамини и влакна за добро варење и за дигестивниот систем.
Ако изедете 500 калории повеќе дневно, ќе добиете 1 килограм неделно и 4 месечно.