Како да се храните здраво, а евтино?

Одлуката да се храните поздраво е најверојатно една од најдобрите одлуки што некогаш сте ги донеле, а здравата храна не мора да го оптоварува вашиот буџет.

Некои видови здрава храна може да бидат значително поскапи, а зеленчукот и овошјето остануваат свежи само неколку дена. Тоа не значи дека треба да се откажете од здравата храна. Со овие совети ќе ви помогнеме да научите како паметно да пазарите, да ги чувате и подготвувате намирниците за вашата здрава исхрана.

1. Купувајте смрзната храна

Секако дека подобар избор е свежиот зеленчук и овошје, но тоа може да биде поскапо, зависно од сезоната. Смрзнатото овошје и зеленчук е втората најдобра опција и скоро секогаш е поевтина од свежите намирници. Смрзнатата храна најчесто веќе е претходно полуобработена, па исто така е побрза за готвење. Најдобро е што секогаш може да употребите колку што ви треба и да го вратите остатокот во замрзнувач.

2. Инспирирајте се

Измислувањето рецепти за здрава храа што нема да го преоптоварат вашиот буџет не е лесно. За среќа, тука е Интернетот. Почнете да следите блогери и инстаграмџии за готвење кои ќе ве поведат чекор по чекор во кулинарските тајни. Научете неколку едноставни јадења за почеток, а потоа збогатувајте го вашето мени.

3. Почесто гответе дома

Не е тајна дека редовното јадење во ресторани или готова храна не само што е поскапа, туку е и помалку здрава варијанта бидејќи овие јадења неретко содржат повеќе сол и маснотии. Научете да готвите и имајте домашно подготвен ручек барем три пати во текот на работната недела. На тој начин не само што ќе заштедите, туку и ќе бидете сигурни што има во вашата чинија. Зачувајте го нарачувањето готова храна за деновите кога навистина немате време.

4. Не фрлајте храна

Овој совет се надоврзува на претходните во врска со готвењето. Едуцирајте се и научете како да користите остатоци од храна за да подготвите ново јадење. Тука повторно голема помош ќе ви бидат онлајн готвачите, но побарајте совет и од пријателите. Наскоро готвењето ќе ви стане задоволство, а не обврска.

5. Јадете помалку месо

Тоа не значи целосно да го исфрлите месото од исхраната, но можете да направите комбинации со храна во кои ќе ја намалите количината на месо. Исто така одредете еден или два дена во неделата во кои нема да имате месо на менито, а во останатите денови задолжително внесете риба и пилешко или мисиркино месо како замена за свинското и говедското месо, кои се поскапи и помалку здрави варијанти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e