Ирански научници откриле брзо природно лекување на кашлицата со помош на мед и кафе…
Истражувачите се занимавале со хронична кашлица што кај пациентите трае повеќе недели по инфекција на белите дробови. Лекарите препишуваат различни видови лекови за овие пациенти, но хроничната кашлица многу често ги мачи болните долго по самата инфекција. Биле направени три контролни групи. Две групи се лекувале со стандардни лекови, додека на третата ѝ се давала комбинација од 20 грама мед измешан со три грама инстант кафе.
Дозата на пациентите им се давала во период од осум часа во текот на седум дена. Резултатите на групата со медот и кафето при лекување на хронична кашлица биле убедливо најдобри. Во споредба со некои лекови, обичното инстант кафе и медот дале одлични резултати.
Супериорноста на излекувањето со мед и кафе била не само во зачестеноста на кашлањето, која се намалила, туку и во брзината на дејствувањето на овој природен лек во однос на хемикалиите во некои медикаменти.
Според ова истражување, се советува: Да се измеша една супена лажица мед со една кафена лажичка инстант кафе. Добро да се измати во кремаста маса и да се испие. Оваа мешавина треба да се зема трипати дневно по престанувањето на симптомите на кашлица.