Јајце во кафе – рутина која ја применуваат спортистите, а еве и зошто

За некои луѓе навистина е тешко да го започнат денот без омилениот топол пијалак наутро. Во последно време се појавуваат разни новитети, па во замена за шеќер или млеко, некои додаваат кокосово масло во кафето. Сепак, новиот бизарен тренд ги помести сите граници и многумина се згрозени од овој рецепт.

Имено, новиот тренд е да ставите живо јајце во Вашето топло кафе. Колку и да звучи одвратно, ова е вообичаена секојдневна рутина во Унгарија, Скандинавските земји и Виетнам, а овој тренд стана популарен и помеѓу спортистите.

Јајцата се сметаат за протеини, а поголемиот дел од спортистите пијат кафе пред тренинг за да имаат повеќе енергија за предстојните напорни вежби, па може да се каже дека оваа комбинација има смисла.

Но, се поставува прашањето како ваквото конзумирање на јајца се одразува на Вашето здравје. Откако ќе го сварите кафето, температурата изнесува околу 93 степени Целзјусови, што е повеќе од доволно за да се зготви јајцето, така што шансите да се заразите со салмонела се многу мали.

Па, доколку се одлучите да ја пробате оваа комбинација, бидете сигурни дека ништо лошо нема да Ви се случи. Јајцата се протеини, а умерена доза на кафе воопшто не е штетна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e