Јадете само еднаш дневно, дознајте какви сериозни последици може да предизвика овој режим на исхрана

Многу луѓе веруваат дека посакуваната телесна тежина ќе ја постигнат со гладување.

Меѓутоа, ако долго време практикувате да јадете само еднаш дневно, ваквото однесување може да направи многу повеќе штета отколку добро.

Последиците од ваквиот режим на исхрана може да бидат сериозни, ова се само дел од нив:

Зголемување на телесната тежина

Кога прескокнувате оброци, вашето тело прегладнува. Потоа оди во режим која ја складира храната за денови кога нема да има доволно, што е сосема спротивно од она што всушност сакате да го постигнете – го успорува вашиот метаболизам и ја зголемува количината на маснотии.

Осцилации на шеќерот во крвта

Прескокнувањето оброци се рефлектира во нивото на шеќер во крвта. Хипогликемијата е честа појава – низок шеќер во крвта, кој може да биде опасен по живот.

Недостаток на хранливи материи

Ако јадете премалку оброци на ден, исто така е поголема веројатноста да не внесувате доволно хранливи материи. Може да се јави недостаток на витамини или минерали, но може да се појават и проблеми предизвикани од недостаток на протеини, јаглени хидрати или масти.

Главоболки

Често се јавуваат и главоболки. Ова се должи на нестабилното ниво на шеќер во крвта или недостатокот на хранливи материи.

Нездрава храна

Ако јадете само еднаш дневно, вашиот оброк е поверојатно нездрав и калоричен отколку што инаку би бил.

Пад на имунитетот

Кога вашето тело гладува, има промени во циркулацијата на крвта. Тоа доведува до пад на имунитетот, па ќе бидете повеќе склони кон настинки или многу полошо ќе ја поднесувате настинката.

Кога ќе погледнеме сè, доаѓаме до заклучок дека е важно на вашето тело да му обезбедите доволно квалитетни и здрави оброци и супстанции кои ви се потребни за нормално функционирање во текот на денот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e