Денот по утрото се познава, вели народната поговорка. Веројатно и сами сте сфатиле дека кога ќе го започнете утрото набрзина, остатокот од денот поминува во сличен хаос.
Суштината е дека утрото го поставува тонот за остатокот од денот. Ако го започнеме денот на вистински начин, избегнуваме лоши навики, остатокот од денот ќе имаме повеќе енергија, ќе бидеме посмирени и попродуктивни.
Постојат одредени навики од кои би требало да се откажеме доколку сакаме денот да ни помине во добро расположение.
Туширање со топла вода
Нема ништо лошо во туширањето со топла вода, тоа е дури и одличен начин да се опуштите после напорниот ден пред спиење. Сепак, утринското туширање со топла вода може премногу да ве опушти. Можеби ќе бидете во искушение едноставно да се откажете од утринската рутина и да се вратите во кревет.
Не го започнувајте денот со кафе
Нашето тело природно произведува хормон наречен кортизол, поради кој се чувствуваме будни, но кофеинот од кафето може да го попречи производството на овој хормон. Така, со текот на времето стануваме зависни од кофеин и нашето тело природно произведува помалку кортизол.
Најдобро е да не пиете кафе пред 10 часот.
Не излежувајте се
Утринската гимнастика долго време се сметаше за идеален начин да се остане здрав и активен. Истражувањата покажуваат дека вежбањето пред појадок исто така помага ако сакате да изгубите вишок килограми, бидејќи нашето тело потоа согорува повеќе маснотии од кој било друг дел од денот.
Не ги одложувајте важните задачи
Волјата и самоконтролата се прилично ограничени, а како што напредува денот нивниот интензитет се намалува ѐ повеќе, тврдат истражувачите.
Така, додека вашата самоконтрола е на врвот, првото нешто што ќе го направите наутро треба да биде задача за која знаете дека нема да имате сила ниту волја да ја направите подоцна.
Престанете да ги проверувате социјалните медиуми штом ги отворите очите
Повеќето луѓе наутро прво ги проверуваат своите социјални мрежи за да ги дознаат најновите озборувања, вести и семејни/пријателски депавки, но ова може да биде прилично стресно.
Кога ќе излеземе од релаксираниот сон и веднаш ќе се изложиме на бомбардирање со најновите вести, мозокот добива премногу стимул што предизвикува стрес.
Не го местете креветот веднаш
Убаво е да не оставате неред зад себе, но не го местете креветот веднаш штом ќе станете. Оставете го да се проветри и ослободете се од прашинските грини и други паразити кои виреат во влажна и топла средина.
Оставете го креветот малку да се исуши и проветри, а потоа наместете го пред да излезете од дома.
„Уште само 5 минути“
Не го одложувајте алармот, не само затоа што ќе се чувствувате виновни и под стрес поради тоа, туку и затоа што по тие пет минути ќе се чувствувате поуморно отколку кога првпат сте се разбудиле.
Обидете се да станете штом ќе се огласи алармот, колку и да ви изгледа тешко и невозможно.