Повеќе пациенти кои заболеле од COVID-19 имале најмалку еден симптом на болеста кој траел шест месеци или подолго од почетната дијагноза, покажа нова студија.
Резултатите се објавени во The Lancet, а студијата опфаќа 2.469 испитаници кои биле примени во болница во Вухан, Кина. Набљудуваните пациенти биле пуштени од болница на 7 јануари 2020 година и на 29 мај 2020, откако е утврдено дека три дена по ред немаат зголемена температура, било забележано подобрување на респираторните симптоми и закрепнување на акутната лезија по снимање на белите, по што имале и два негативни теста на коронавирус.
Тоа биле критериумите пропишани од Националната здравствена служба во Кина, а кои требало да бидат исполнети.
Симптомите траеле со месеци кај 75 проценти од испитаниците
Научниците потоа проучувале 1.733 пациенти во период од 16 јуни до 3 септември 2020 година. Во студијата не биле вклучени пациенти кои биле премногу болни за да учествуваат, луѓе кои живееле во домови за стари лица, како ни оние кои морале повторно да се вратат во болница. Истражувачите спровеле низа прегледи и тестови за да го проценат здравјето на луѓето.
Од нив, 76 проценти изјавиле дека имале барем еден симптом поврзан со ковид шест месеци по заминувањето од болница. Умор и слабост во мускулите пријавиле 63 проценти, пренесе Advisory.
Тоа биле најчестите пријавени симптоми по шестмесечно следење. Освен тоа, 25 проценти од испитаниците пријавиле тешкотии со спиењето, а 23 проценти известиле дека имаат анксиозност или депресија.
Луѓето со тежок облик на COVID-19 имале најлоши резултати.
Според Ликсуе Хуанг, една од авторките на студијата, резултатите покажуваат дека времето на закрепнување кај заболените од COVID-19 е сè уште нејасно и се разликува од човек до човек.
„Најмногу ме загрижува непознатата иднина на закрепнувањето на овие пациенти. Шест месеци по појавата на првите симптоми, значаен дел од заболените уште имаат физички и психолошки проблеми. Сè уште не знаеме колку време е потребно за пациентите целосно да закрепнат и дали е можно целосно закрепнување“, вели Хуанг.