Сакате да ослабете, но тешко ви е да се откажете од некој вид храна иако сте на диета? Има намирници кои може да ги јадете секој ден без страв дека ќе се здебелите бидејќи содржат малку калории.
Што може да јадете кога сте на диета?
Јајца
Јајцата се здрава храна, а особено белките кои може да ги јадете во неограничена количина, без да се грижите дали ќе се здебелите. Поради тоа се одлични за оние коишто се на строга диета.
Салата
Зелената салата е полна со витамин А и Ц, како и фолна киселина и железо. Речиси нема воопшто калории, па може да јадете колку сакате.
Целер
Целерот содржи вода околу 95 проценти и 30% од дневната потреба за витамин К. Најдобро е да го јадете кога е свеж.
Краставица
Краставицата содржи исто вода како и целер. Може да ја јадете без да ја лупите бидејќи содржи бета-каротен кој е добар за вашите очи. Треба претходно да ги измиете убаво бидејќи може да содржат пестициди и бактерии.
Портокал
Портокалите содржат витамин Ц и важат за еден од највкусните плодови. Не лупете ги целосно бидејќи белата кора содржи многу влакна кои го намалуваат холестеролот.
Грашок
Грашокот е идеална и вкусна намирница која ја сакаат сите. Една шолја грашок содржи само 35 калории, а богат е со влакна и протеини.
Цвекло
Цвеклото е одличен извор на витамините К и Ц. Најдобро е да го јадете сирово, а може да направите и смути.
Домати
Доматот е полн со ликопен, витамини А, Ц, Б2, фолна киселина, влакна и калиум. Содржи многу малку калории, а е одличен за вашето здравје.
Брокула
Брокула е омилената храна на луѓето коишто се на диета бидејќи во 100 грама содржи само 33 калории. Освен витамините А, Ц, Е и К содржи растителни влакна и протеини.
Пуканки
Една шолја пуканки е најдобриот избор кога сте на диета, тие се одлична замена за чипс.