Храна која спречува срцеви заболувања

Добропознато е дека на вашето тело му е потребна правилна исхрана за да бидете здрави, па затоа треба да консумирате многу овошје и зеленчук.

Исто така, треба да консумирате протеини, растителни влакна, здрави масти како што е путер од кикирики, леб од цели зрна пченица и јаткасти плодови.

Некои намирници ќе ве држат сити во текот на денот, а се корисни и за цревата. Ова ќе ви помогне во превенција на кардиоваскуларни заболувања.

Што треба да јадете:

Риба

Рибиното масло е богато со омега-3 масни киселини, кои се многу важни за здравјето на срцето. Риби кои се богати со омега-3 масни киселини се: Лосос, туна, харинга, како и ракови.

Ореви

Оревите содржат многу калиум, магнезиум и други минерали кои се познати партнери во симнување на крвниот притисок. Не само оревите, туку и бадемите, лененото семе и лешниците исто така се многу добар избор. Оревите имаат висок процент на омега-3 масни киселини.

Авокадо

Истражување објавено во магазинот „Journal of the American Heart Associaton“, покажало дека едно авокадо дневно може да доведе до намалување на крвниот притисок и до 13,5 милиграми по децилитар.

Млечни производи со помалку маснотии

Иако можеби изгледа чудно тоа што млечните производи се наоѓаат на списокот на здрава храна за срцето, но научниците тврдат дека сирењето и јогуртот можат да бидат од помош при намалување на крвниот притисок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e