Некои намирници можат да ја ублажат болката во менструалниот циклус, а диететичарката Етел Лим открива за која храна станува збор.
Нормалниот менструален циклус трае помеѓу 21-35 дена, а просекот е 28. Крварењето не треба да трае подолго од седум дена.
Симптомите кои се јавуваат за време на менструацијата вклучуваат: надуеност, задржување на течности, слаба концентрација, лошо расположение.
Храна што ќе ја намали болката во грчевите во менструалниот циклус
„Иако таблетите ќе бидат добри во елиминирање на болката, овие пет намирници се исто така добар начин за ублажување на болката, иако се потребни повеќе истражувања на оваа тема“, објаснува Лим.
Храна што содржи калциум
Се верува дека ја намалува појавата на грчеви, спречува надуеност и задржување на течности и се наоѓа во храна како млеко, јогурт и сирење. Може да го побарате и во риба и млеко од соја збогатено со калциум.
Влакна
Влакната ќе ја подобрат подвижноста на цревата и со тоа може да се избегне надуеност. Целта е да вклучите овошје и зеленчук и цели зрна во секој оброк, и не смеете да заборавите на внесот на течности.
Магнезиум
Се смета дека магнезиумот ги намалува симптомите како што се главоболки и грчеви во мускулите, а може да се најде во храна како темно чоколадо, авокадо, зелен лиснат зеленчук и бадеми.
Омега-3 масни киселини и витамин Б12
Ако се користат во комбинација, тие исто така нудат подобри резултати. Добро е да размислите да вклучите морска храна, јајца, јаткасти плодови, чиа семе во вашата исхрана.
Витамин Е
За да се ублажат симптомите на менструацијата, студиите покажаа дека е добро да се вклучат 500 IU витамин Е, а може да го најдете во храна како што се суви семки од сончоглед, бадеми и путер од кикирики.