Губењето на телесна тежина може да ги ублажи симптомите на мигрената

Кај крупните луѓе, кои воедно страдаат од мигрена, губењето на килограми може да ја намали нивната главоболка и другите симптоми поврзани со мигрената, покажуваат новите истражувања.

„Кога луѓето губат телесна тежина, бројот на денови во месецот со мигрена се намалува, како и болката и траењето на нападите на главоболка“, рекол водечкиот истражувач, д-р Клаудио Пагано.

Неговиот тим ги прегледал резултатите на десет различни студии кои вклучувале вкупно 473 пациенти со мигрена. Анализата покажала дека губењето на тежина е поврзано со значително намалување на траењето, болката и зачестеноста на мигрената.

Предностите биле слични, без оглед на тоа дали намалувањето на тежината е постигнато со хируршки зафат или промена во исхраната и вежбањето и се слични кај децата и возрасните.

Заклучокот е дека ако страдате од мигренска главоболка и ако сте дебели, губитокот на тежина ќе го подобри квалитетот на вашиот семеен и социјален живот, како и вашата работа и продуктивност во училиште. Поточно, вашиот целокупен квалитет на животот многу ќе се подобри.

Пагано објаснува дека губењето на тежина исто така ја намалува интензивноста на симптомите поврзани со дебелина – вклучувајќи го дијабетесот, хипертензија, срцевите болести, мозочен удар и распираторните болести, пренесува „Health24“.

Резултатите од студијата ќе бидат презентирани на годишниот состанок на Ендокриното друштво во Њу Орлеанс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e