Еве зошто треба секој ден да јадете млад кромид

Штета е во овој период да не јадете млад кромид, кој освен што е богат со витамини и минерали, одличен е за заштита на здравјето. Има антибактериски својства, штити од воспаленија и помага при настинки.

Никако не треба да го фрлате зелениот дел од младиот кромид, содржи состојки одлични за нашето здравје.

Еве зошто треба секој ден да јадете млад кромид:

Го штити срцето

Младиот кромид е полн со антиоксиданси кои ги штитат клетките во телото од оштетувања предизвикани од дејствување на слободните радикали.

Го држи крвниот притисок во границите на нормала и го намалува ризикот од појава на крвни згрутчувања.

Добар е за видот

Овој зеленчук штити од воспаленија и го намалува ризикот од болести на очите. Содржи витамин А кој е важен за производство на протеини во очите, заслужен за добар вид.

На луѓето кои им недостига овој витамин може да страдаат од ноќно слепило и други нарушувања. Еден кромид содржи околу 3% од дневните потреби за витамин А.

Ги штити коските

Изобилува со витамини Ц и К кои се добри за заштита на коските. Само еден кромид содржи околу 20% од препорачаната доза витамин К и околу 2% витамин Ц.

И едниот и другиот се важни за густината на коските, како и за нивната цврстина.

Го намалува холестеролот

Посебно е важен зелениот дел од младиот кромид, а кои многумина го сечат и фрлаат. Освен што го намалува нивото на лош холестерол, помага и во регулирање на нивото на шеќер во крвта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e