Еве што задолжително треба да содржи мини аптеката за на одмор!

Покачена телесна температура, сончаница, убод или угриз од инсекти, гребаници, цревни вирози… Се се тоа проблеми кои можат да ви се случат на патување. Така и на заминувањето на летување, особено со мали деца, се појавува потреба од носење на мала патна аптека со лекови, медицински препарати и прибор за лична хигиена.

Ако земате хронична терапија, погрижете се пред патувањето да обезбедите доволно количини на лекови. Важно е лековите да бидат во оригинално пакување со упатство за употреба и валиден рок на траење. Хронично болните, бремените жени и лицата со инвалидитет, би требало да го известат својот доктор за патувањето за да им ги даде потребните препораки и совети.

Што да земете со вас?
Лицата склони на мачнини при возење со автомобил, автобус или брод, секако би требало со себе да имаат лекови наменети за такви проблеми. Задолжително земете средства против болки и зголемена телесна температура во облик на таблета, сируп или чепче за деца. Исто така добро е да се има некаква крема или гел против болки во мускулите и зглобовите. Кога пак е во прашање приборот за прва помош за рани и повреди, тогаш при рака нека ви бидат средствата за обработка на површински рани, алкохол, антибиотик за примена на кожа, стерилна газа, завој и фластер. Добро ќе ви дојдат ножици, пинцета и леплива лента.

Средства против алергија и убоди од бубачки
Крема или гел за употреба на кожата корисни се кај алергиските реакции кои се можни ако ве касне комарец, ве опече медуза или дојде до несакана реакција на сонце, да се појави алергија и слично. Земете ги и лековите против алергија, тоа може да биде сируп или таблети. За убоди на бубачки опремете се со средства за заштита од инсекти како и со средства кои ќе ги користите по убодите на инсектите. Средства за заштита од инсекти се применуваат со нанесување на кожата, а дејствуваат до три часа. Ако со вас патува и дете, треба да внимавате средството кое го купивте да е прилагодено на неговата возраст. Средствата кои се применуваат по убодот се обично гелови кои разладуваат, а покрај тоа спречуваат црвенило, отекување и чешање на местото на убодот.

За проблеми со желудникот
Ако се случат проблеми со варењето, цревни вирози и слично, секако треба да се земаат електролитни течности за да се избегне дехидрација и губење на соли и минерали. Освен препаратите за надополнување на електролити, земете и препарати за обновување на цревната флора, односно пробиотици кои ги надокнадуваат добрите бактерии кои го помагаат и балансираат варењето. Доколку се сомневате на труење со храна, испијте активен медицински јаглен кој ги врзува нечистотиите во цревата.

Средства за заштита од сонце
Ако одите на плажа задолжително заштитете се против сонцето со креми со УВ-фактор кој одговара. Најдобра заштита за кожа е избегнување на долги периоди на сонце, а покрај тоа треба да носите капа и лесна, удобна облека која ќе ја покрие кожата. Набавете и хидратантен лосион или млеко кои по сончањето на кожата ќе и ја вратат влажноста. По долги периоди на изложување на непокриената глава на сончеви зраци може да дојде до сончаница и топлотен удар. Ако тоа се случи, секако дека треба да користите облоги со собна температура, консумирајте поголеми количини пијалаци или течни електролити, како и да останете во сенка во лежечка положба со подигната глава.

Капки за нос, капки за очи
Во текот на патувањата и на одмор надразнетост на очите можат да предизвикаат клима уредите, но и поленот од различни билки. Затоа земете и капки за очи, а добро ќе дојдат и чепчиња за уши против бука и вода. Лицата кои имаат проблеми со затнување на увото за време на капење задолжително треба да носат чепчиња кои ќе ја спречат водата да навлезе во увото, а ако тоа сепак се случи, најдобро е увото да се исплакне со капки за уши. Ако дојде до воспаление на увото, носот треба да се лекува со капки за нос за да се намали притисокот на увото, а ако и тоа не помогне побарајте лекар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e