Денес во светот, еден од шест парови во просек има проблем со постигнување на бременост. Проблемот во 20 отсто од случаевите е лошиот квалитет на сперматозоидите, а тоа често се поврзува со намалено ниво на цинк и витамини. Поради таа причина добро би било во исхраната да внесувате намирници кои содржат витамини.
Семки од тиква
Семките од тиква се добар извор на бакар омега 3 масни киселини, цинк и витамин К, а како важна состојка тие имаат и против воспалителни својста кои штитат од карцином, артритис и остеопороза. Омега 3 масните киселини го забрзуваат протокот на крвта до половите органи.
Шипки
Сокот од шипки ја подобрува ерективната функција и го подигнува квалитетот на спермата. Резултатите од истражувањето покажале дека мажите и жените кои секојдневно пијат чаша сок од калинка имаат зголемено ниво на хормонот тестостерон, кој ја зголемува сексуалната желба. Во резултатите од истражувањето на научникот од Универзитетот во Единбург (учествувале 58 волонтери на годишна возраст меѓу 21 и 64 години) стои дека љубителите на црвениот напиток имаат од 16 до 30 отсто повисоко ниво тестостерони од луѓето кои никогаш не консумирале сок од калинка.
Школки
Цинкот се препорачува за лечење на машката неплодност затоа што е клучен за произведување и движење на сперматозоидите. Школките се богати со цинк и служат како афродизијак за подобра потенција.
Лук
Лукот делува како природен афродизијак и го зголемува произведувањето на сперматозоиди. Тој содржи спој кој е наречен алицин и ја зацврстува издржливоста на спермата и ја подобрува циркулацијата на крвта. Минералот селен кој е присутен во лукот придонесува во движењето на спермата.
Зелен чај
Студиите покажуваат дека антиоксидансите во зелениот чај имаат добар потенцијал за поттикнување на плодноста поради тоа што ги неутрализираат слободните радикали кои можат да ги оштетат сперматозоидите.
Судејќи по истражувањето од 2012-та година, објавено во научното псписание „Molecular Nutrition and Food Research“ малата количина на EGCG која е во зелениот чај може да го подобри кваитетот на спермата, вклучувајќи го и нејзиното движење што резултира со подобрен потенцијал за оплодување. Сепак преголеми дози на EGCG може да имаат спротивен ефект.