Еве неколку совети како да ги ублажите болките од мигрената

Мигрената е вид на невролошко заболување кое се карактеризира со главоболка која има тенденции да биде интензивна.

Мигрената често е проследена со симптоми од автономниот нервен систем (мачнини, повраќање, бледа кожа, потење итн.).

Еве неколку совети како да ги ублажите болките:

1. Витамин Ц – исцедете лимон во чаша со млака вода и испијте ја.

2. Кофеин – испијте малку црно кафе, најдобро е турско кафе без млеко.

3. Таблета против болки – постојат аналгетици кои можат да ви помогнат да ја ублажите мигрената. Обидете се да ги пронајдете оние кои ви делуваат, па испијте ги.

4. Сон – потоа легнете во мир и тишина, проветрете (најдобро оставете го прозорецот отворен), а просторијата треба да биде темна и обидете се да отспиете еден час до два.

5. Туширање – потоа истуширајте се, најдобро со жешка и млака вода за да ја активирате циркулацијата.

6. Прошетајте на свеж воздух – но, немојте интензивно да вежбате поради тоа што вежбањето знае да ја зголеми мигрената.

7. Вода – пијте си вода и прочистете го вашиот организам.

8. Стоплете се – не дозволувајте да ви биде ладно за телото да не ви е во грчеви.

9. Бидете опуштени – немојте да брзате и да бидете под притисок, бидете опуштени и полека извршувајте ги вашите обврски во текот на денот.

10. Мислете на убави работи – не потценувајте ја моќта на позитивното мислење и влијанието на физичката состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e