Еве која храна е богата со протеини

Протеините се важни за организмот бидејќи се одговори за здравјето на органите, кожата и коските. Храната богата со протеини е важна и за намалување на крвниот притисок, но и за борбата против дијабетес.

Без разлика каков вид храна преферирате, протеините се неизбежни макронутриенти доколку сакате да го одржите вашето здравје, да го контролирате аптетитот и да обезбедите храна за мускулниот систем.

Кои намирници се богати со протеин?

Леќа

Леќата може да се купи секаде. Една шолја од оваа намирница има 18 г протеини и 16 г растителни влакна, како и многу витамини, минерали и антиоксиданси.

Варени јајца

Во едно јајце има околу 6 г протеини. Најновите истражувања покажуваат дека холестеролот кој се наоѓа во жолтката нема влијание на нивото на холестерол во крвта. Жолтката содржи витамин Д, калциум, железо, цинк, витамин Б12 и омега 3.

Сурутка

Може да ја употребувате на различни начини – да ја додадете во смути, во овесна каша, палачинки од банана и слично.

Грав

Во една порција има 12 г протеини и растителни влакна.

Грчки јогурт

Грчкиот јогурт е одличен извор на протени. Во една порција јогурт има 11 до 14 г протеини. Може да го јадете во солена и блага варијанта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e