Еве кој здравствен проблем се јавува доколку ви недостасува витамин Д

Витаминот Д ни е потребен во зимските денови кога не можеме да го внесеме во телото на природен начин. Но, има сериозна причина поради која треба да внимавате и да го консумирате овој клучен витамин.

Недостатокот на витамин Д може да го зголеми ризикот од кардиоваскуларни заболувања, заклучија истражувачите од Универзитетот во Јужна Австралија во новата студија објавена во списанието European Heart Journal.

„Сериозниот недостаток е релативно редок, но затоа е многу важно да бидете активни – за да немате проблеми со срцето“, рече професорката на UniSA Елина Хипонен.

Дали ова треба да нè загрижи? Поради фактот дека многумина од нас поминуваат малку време на отворено и користат крема за сончање, не придонесуваат за производство на витамин Д во телото.

Недостатокот на витамин Д во телото може да го зголеми ризикот од многу хронични заболувања, вклучувајќи ги пореметувањата на коските, рак и автоимуни заболувања.

Овој витамин е потребен за создавање на серотонин и невротрансмитери кои помагаат во регулација на расположението и сонот.

Јадете жолчки, мрсни риби и сок од портокал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e