Се верува дека Хипократ ги лекувал своите пациенти со него, но и во традиционалната медицина овој зеленчук има значајно место.
На зелката ѝ се припишуваат многу лековити својства, но дали сте знаеле дека црвената односно виолетовата зелка има многу повеќе витамини и минерали од белата?
Ароматичната црвена зелка во споредба со белата содржи пониско ниво на каротин, но затоа содржи повеќе витамин Ц. Исто така, во неа се наоѓа и поголема количина на витамин Е, а изобилува и со фосфор и калциум.
Зелката е најдобро да ја консумирате сирова или во облик на сок бидејќи со долгото готвење таа губи многу од своите драгоцени елементи.
Еве кои се здравствените придобивки од црвената зелка:
Ја чисти крвта
Црвената зелка е богата со минерали кои придонесуваат за подобра работа на метаболизмот, пред сè во прочистување на крвта, па затоа се смета за многу значајна намирница за детоксикација.
Ја подобрува дигестијата
Познато е дека црвената зелка има одличен ефект врз дигестијата и спречува проблеми како лошо варење и констипација. Сокот од зелка е исто така многу ефикасен кај третирање на чиреви особено пептички чир.
Ја смирува кашлицата
Сирупот од црвена зелка ја смирува кашлицата.
Го намалува нивото на холестерол и го чисти црниот дроб
Уште една предност на црвената зелка е тоа што го намалува холестеролот и мочната киселина, благодарение на големата количина на сулфур која ја содржи. Таа количина е заслужна и за нејзината карактеристична арома.
Ги намалува знаците на стареење
Сокот од црвена зелка содржи голема количина антиоксиданти и витамини А, Ц и Е, кои ја подобруваат состојбата на кожата и ја прават хидрирана, мека и блескава. Уште една предност на консумирање на црвена зелка е тоа што го поттикнува создавањето на колаген.
Го контролира нивото на шеќер во крвта
Консумирањето на црвена зелка помага во контролирање на нивото на шеќер во организмот благодарение на нејзиниот природен инсулин. Овој зеленчук содржи мал број калории и јаглехидрати кои го намалуваат чувството на глад, а не ја зголемуваат телесната тежина.