Освен што има подобар вкус, се верува дека зачинетата храна може да помогне и при слабеење, срцеви заболувања, па дури и депресија.
Некои истражувања покажаа дека оброк со ниска содржина на капсаицин (супстанција во чили пиперките што им го дава специфичниот вкус) може дури и позитивно да влијае на продолжување на животот. Сепак, зачинетата храна не е за секого, а може да биде штетна за оние кои ја сакаат доколку се предозираат со внесената количина.
Eat This, Not That издвои неколку непријатни и штетни последици од консумирањето премногу зачинета храна за кои можеби не сте слушнале досега.
Може да има лаксативно дејство
Конзумирањето зачинета храна е еден од најчестите виновници за стомачни тегоби и дијареа. Според едно научно истражување, капсаицинот, доколку се консумира во изобилство, може да предизвика иритација на слузницата на желудникот. Премногу капсаицин, според Healthline, може да резултира со „гадење“, „повраќање“, „абдоминална болка“ и „дијареа со печење“. Затоа, ако откриете дека сте премногу чувствителни на зачинета храна, би било добра идеја да престанете да ја користите.
Може да предизвика акни и егзема
„Кога зачинетата храна предизвикува воспаление во цревата, понекогаш тоа воспаление станува видливо на кожата во форма на црвенило, акни или дури и егзема“, објаснува за Allure американскиот дерматолог Ребека Тунг. Затоа внимавајте на дозата зачини, особено лутото, во храната.
Може да предизвика несоница
Ако сакате храна богата со зачини, добра идеја е тоа да биде храна за ручек. Зачинетата и кисела храна може да предизвика појава на киселини, велат здравствените експерти од WebMD. Водечките експерти не препорачуваат да јадете зачинета храна пред спиење бидејќи лежењето всушност може да ја влоши непријатната состојба.
Може да влијае на гласот
Здравствените експерти од клиниката Mayo предупредуваат дека консумирањето презачинета храна е една од работите што може да го иритираат грлото. Ако сте некој кој страда од гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ), зачинетата храна може да доведе не само до повраќање, туку и до болка, оток и засипнатост.
Може да предизвика пликови и осип
Американскиот лекар Бери Грин исто така вели дека едноставниот контакт со некоја зачинета храна може да биде потенцијално ризичен.
„Зачинетата храна ги стимулира рецепторите во кожата кои вообичаено реагираат на топлина. Овие рецептори се влакна преку кои чувствуваме болка. Тие реагираат на екстремни температури и интензивна стимулација, како што се штипкање и сечење. Тие исто така реагираат на одредени хемиски фактори. Кога овие влакна се стимулираат со супстанција од чили пиперка, централниот нервен систем може да испрати двосмислена нервна реакција“, објасни тој за Scientific American.