Еве кои се предностите од секојдневното консумирање на јајца

Јајцето со години е неправедно занемарувано како хранлива намирница затоа што многумина сметаа дека го покачува холестеролот.

Меѓутоа стручњаците сметаат дека тоа треба да се најде меѓу приоритените намирници кои се консумираат секојдневно бидејќи е одличен извор на протеини, а неговата важна состојка, холинот, ефикасно делува во превенцијата на Алцахајмерова болест.

Еве ги неговите предности доколку се консумира секојдневно:

Со 70 калории и 6 грама масти, јајцето е одличен извор на енергија што ви е потребна за да го започнете денот. Со свежа салата за појадок ќе ги надополни вашите потреби за витамини, особено најважните како Б12 и витамин Д.

Холинот е исклучително важна состојка во јајцето која е одговорна за нашата добра меморија, размислување, расположение и целокупното здравје на нервниот систем. Не е ни чудо што многумина го нарекуваат храна за мозокот. Истражувањата покажаа дека недостатокот на холин е поврзан со невролошки нарушувања и намалена когнитивна функција.

Со оглед што јајцето е добра комбинација на здрави масти и белковини кои се важни за изградба на мускулите, тоа е одличен оброк пред или после тренинг.

Оваа намирница содржи витамини од групата Б, како Б2, Б5 и Б12, кои се одговорни за здравјето на кожата и косата. Метионинот е една од аминокиселините што ја има во јајцата, која исто така ја подобрува еластичноста на кожата и ги зајакнува ноктите.

Витаминот Д, кој го има во јајцата, е одговорен за многу физиолошки процеси, како регулирање на крвниот притисок, за одржување на менталното здравје, но и за јакнеење и изградба на коските.

Лизинот е една од важните аминокиселини кои се неопходни за функционирање на организмот, а која телото не ја произведува само, туку мора да ја внесе преку храната. Тој е одговорен за намалување на стресот и анксиозноста и доколку е во опаѓање, негативно ќе влијае на вашето ментално здравје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e